Приказ на предметите според таг: stipendii
(Видео) Стипендии за магистерски и докторски програми на универзитет во Кина
Технолошкиот универзитет „Вухан“ во Вухан (Wuhan University of Technology) - Кина и оваа година им нуди можност на студентите на УГД за стипендии за студирање во Кина. Станува збор за можност која овој Универзитет ја дава како резултат на потпишаниот Договор за соработка со УГД. Стипендијата е обезбедена преку Советот за стипендии на Кина.
Повик за изработка на мобилна апликација во рамките на националната кампања „Информирај се сега!“
Во рамките на националната кампања „Информирај се сега!“, Коалиција СЕГА со младинските информативни и советодавни центри ИНФО СЕГА од Прилеп и од Кавадарци во соработка со Агенцијата за млади и спорт (АМС) и со Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство организираат натпревар за изработка на мобилна апликација за веб-страницата www.mladi.ams.mk.
Аплицирајте за стипендија за летна школа во Хрватска
Глобалната иницијатива за биомедицина во партнерство со Медицинската школа при Универзитетот во Загреб ги покануваат професионалците од цел свет да присуствуваат на Летната школа за биоетика (ДИБСС) која ќе се одржи во Дубровник, Хрватска, во периодот од 5 до 14 август 2016 годинa.
Повик за учество на Летна програма за социјално претприемништво
Млади инфо интернационал поттикната од интересот за Наградата за социјално претприемништво ја организира првата Летна програма за социјално претприемништво под името Solve it! – Social Entrepreneurial Summer Program.
Со читање до лидерство: Повик за презентација на успешни приказни
Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“ објавува Повик за споделување успешни искуства и активности од областа на раната јазична и математичка писменост кај учениците од почетните одделенија. Повикот е наменет за одделенските наставници, претставниците од стручната служба, библиотекарите, директорите на основните училишта, родителите и останатите членови од семејствата и заедницата кои сакаат да споделат лични искуства од успешни активности реализирани во училиштето или во домот, насочени кон подобрување на раната јазична и математичка писменост.