Приказ на предметите според таг: stipendii
(Видео) Time lapse – како расцветува цвеќето
Овој тајм лапс, инспириран од љубовта кон природата, е креиран по четиримесечно фотографирање на 21 цвеќе, со 200 до 1.400 фотографии од секое цвеќе. Проектот е направен од уметницата Линда Скот.
(Видео) Од што се плаши Бил Гејтс?
Човекот кој има повеќе од 60 милијарди долари на својата сметка и кој повеќе од половината, до крајот на својот живот, планира да ги инвестира во добротворни цели има свои стравови како и сите нас. Човекот кој направи револуција во употребата на персоналните компјутери во светот сега планира да го промени светот. Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс ги зема заслугите за илјадници спасени човечки животи, особено во Индија и во Африка, каде што оваа фондација интензивно инвестира во развојот на земјоделието и здравството. Меѓутоа и Бил Гејтс има свои стравови. Неговите стравови се повеќе глобални, стравови од големи катастрофи на човечкиот род, стравови од страшни вируси. Во видеото во продолжение видете кои се стравовите на најбогатиот човек на планетата.
(Видео) Камил Симан: Фотографии од еден трагач по бури
Фотографот Камил Симан трага по бури веќе пет години. Во овој говор таа прикажува запрепастувачки, надреални фотографии од разбеснетото небо.
(ВИДЕО) Превозно средство на иднината - дрон кој лета, плива и нурка
Дрон што оди на површината на водата, под водата, но и во воздухот е новиот робот кој е измислен во Универзитетот „Рутгерс“ во САД. Станува збор за прв уред од ваков тип кој има можност да плива во водата, но и да нурка и да лета.
(Видео) Што придонесува да си ја сакаме работата?
Што нè мотивира да работиме? Спротивно на општоприфатеното, не станува збор само за парите. Но не е и за радоста, баш. Се чини дека повеќемина од нас виреат тогаш кога постигнуваат напредок и кога чувствуваат дека имаат некаква цел. Бихевиоралниот економист Ден Ариели ни ги „отвора очите“ со два експеримента коишто зборуваат за нашите неочекувани и суптилни ставови во однос на смислата на нашиот труд.