Приказ на предметите според таг: tehnologija

Дали со доаѓањето на вонземјаните би се променил животот на планетата Земја? Ова прашање веројатно предизвикува најголем страв и неизвесност кога станува збор на средба со други цивилизации.

Иако преку уметностите, филмската, книжевната, па и ликовната, секогаш средбата со други интелигентни суштества ни се прикажува како драматична, група научници тврдат дека доколку таа се случи нема да биде воопшто таква каква што се прикажува во холивудските филмови.

Објавено во Светска наука

Студентите на Машински факултет при УГД имаа можност да се запознаат со најновите трендови во областа на електрониката, металургијата, енергетиката, преку посетата на саемот „Технома 2016“. Студентите од студиските програми на Машинскиот факултет од кампусите во Штип и во Струмица продолжуваат со праксата да посетуваат реномирани саеми од оваа област, што за нив е од големо значење.

Објавено во Технологија

Факултетот за информатика при Универзитет „Гоце Делчев“ го промовираше проектот „Мултимедијална информатичка платформа за едукативни и рехабилитациони цели“.

Платформата е базирана на иновативни интеракциски технологии и сензори за 3Д перцепција и истата овозможува игра и учење преку движења и физичка активност.

Наместо со глувче и пред монитор, корисниците своите акции ги задаваат преку движења со раце, нозе и тело, пред голем екран проектиран на ѕид.

Објавено во Технологија

Универзитетската телевизија и Универзитетското радио го започнуваат серијалот на гостувања на деканите и продеканите на факултетите при УГД со цел да ги доближат сите овие единици до студентите и потенцијалните студенти.

Објавено во Видео вести

BiWa или кратенка од Bike Washing машина е статичен велосипед кој го дизајнираа студенти од еден кинески универзитет. Со вртење на педалите на велосипедот се генерира струја која се чува во батерија која се наоѓа во склоп на велосипедот.

Објавено во Технологија
Страница 7 од 16
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…