Што за човештвото ќе значи средбата со вонземјани?

Дали со доаѓањето на вонземјаните би се променил животот на планетата Земја? Ова прашање веројатно предизвикува најголем страв и неизвесност кога станува збор на средба со други цивилизации.

Иако преку уметностите, филмската, книжевната, па и ликовната, секогаш средбата со други интелигентни суштества ни се прикажува како драматична, група научници тврдат дека доколку таа се случи нема да биде воопшто таква каква што се прикажува во холивудските филмови.

Професорот по психологија Алберт Харисон од Универзитетот Калифорнија вели дека времињата се драстично променети и нашиот цивилизациски напредок придонесува на евентуалното постоење на други интелигентни суштества да гледаме како на нешто сосема нормално.

Во својата научна студија Харисон хипотетички го анализира денешниот аспект и тврди дека за новите генерации кои растат со технолошките придобивки, електрични направи, компјутери и роботи спознанието за постоење на цивилизации надвор од нашата планета воопшто не би било шокантно.

Нашата цивилизација денес толку е навикната на новостите кои секојдневно пристигнуваат, а се однесуваат на нови откритија во вселената, што дури и откривањето на друга интелигенција која егзистира на други планетарни системи ќе се дочека со воодушевување.

Слично размислува и теологот Тед Питерс, кој во рамките на своето истражување спровел анкета во која биле опфатени ортодоксни верници. Анкетата покажала дека ставовите на верниците и нивната религиозна определба и вера воопшто нема да бидат нарушени доколку науката и научниците докажат постоење на живот на други планети.

Биологот од НАСА Крис Мек Кеј ова прашање го разгледува од поинаков, етички аспект. Тој тврди дека доколку на Марс се пронајдат микроорганизми не би можеле да зборуваме за „вистински вонземјани“, затоа што тие би имале сосема поинаква структура од нашата. Во ваков случај она што никако не смееме да го дозволиме, тврди Мек Кеј, е да ги контаминираме овие планети со нашето присуство и со интервенции врз нивниот природен развој.

Последен пат изменето на Вторник, 31 Јануари 2017 12:26
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…