Приказ на предметите според таг: nauka
Промоција на филм за пештерата Слатински Извор
Документарно-научниот филм на УГД ТВ и Филмската академија насловен „Хидрогеолошки карактеристики на изворската пештера Слатински Извор“ ќе биде промовиран во вторник (16.5.2017) во 13 часот на Кампус 2 на УГД.
Филолошки факултет организатор на научна конференција во Русија
Во тек е Втората меѓународна научна конференција „ФИЛКО“ - филологија, култура и образование што се одржува од 10 до 12 маj на Филолошкиот факултет при Воронешкиот државен универзитет.
Научната база ЕБСКО презентирана на УГД
Денес УГД им беше домаќин на гостите од Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје и претставниците од ЕБСКО академската база на податоци од САД. УГД постојано е во силна поддршка на истражувањето и на тоа да им овозможи на студентите и академската заедница достап до најновата научна литература.
(Видео) Кои се можностите на Лабораторијата за заштита на растенијата и животната средина
Универзитетската радио и телевизија беше во посета на Лабораторијата за заштита на растенијата и животната средина при Универзитетот „Гоце Делчев“.
Професор од ФПТН дел од меѓународен истражувачки проект за минерали
Во рамките на научноистражувачкиот проект „Продукти на распад на цврст руднички отпад од Sb-As-(-Cr) наоѓалиштето Лојане (Република Македонија)” помеѓу Република Македонија (Факултет за природни и технички науки) и Австрија (Оддел за минералогија и кристалографија, Универзитет во Виена), проф. д-р Горан Тасев од ФПТН реализираше научен престој во Виена.