- УГД дава силна поддршка на истражувањето. Отворен е фонд за наука што сите можат да го користат. УГД дава силна поддршка за користење на истражувачките дата бази. Имаме достап до базатата на ЕБСКО, тоа е огромна платформа на научни трудови од сите области. Сите наши студенти и истражувачи можат да пристапат на ЕБСКО базата преку нашиот веб-сајт - изјави проф. д-р Лилјана Колева-Гудева, раководител на издавачката дејност на УГД.
Претставникот на НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје истакна дека македонските истражувачи преку вакви соработки имаат можност да дојдат до најновите научни трудови.
- Националната и Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје има достап до научни бази уште многу одамна. Од 2003 година имаме национален конзорциум под име „Македонски е-библиотеки“, каде што имаме над 85 членови. Преку овој конзорциум е овозможен достап до повеќе системи, меѓу кои најголем е токму ЕБСКО - изјави Миодраг Дадасовиќ, национален координатор на Македонски е-библиотеки.
ЕБСКО веќе долго време има соработка со Универзитетот „Гоце Делчев“, а студентите и вработените уште пред неколку години можат ги прегледуваат најголемите бази на податоци во светот.
- Опстојуваме повеќе од 70 години и сме стационирани во САД. Денес им нудиме услуги на многу држави во светот. Многу сме му благодарни на Универзитетот „Гоце Делчев“ што нѐ покани овде. Имаме многу големи можности за универзитетите и за студентите. Преку ЕБСКО може да имаат пристап до поголем дел научни трудови, книги и списанија од различни области - изјави Тамила Миркамалова, претставник од ЕБСКО.
Презентацијата се одржа во свечената сала на Правниот факултет при УГД. Покрај студентите, присуствуваа и од академската заедница на УГД. До сите библиотеки може да се пристапи преку следниов линк: https://e-lib.ugd.edu.mk/link1.php.