Филолошки факултет организатор на научна конференција во Русија

Во тек е Втората меѓународна научна конференција „ФИЛКО“ - филологија, култура и образование што се одржува од 10 до 12 маj на Филолошкиот факултет при Воронешкиот државен универзитет.

Конференцијата е во организација на Филолошкиот факултет при Воронешкиот државен универзитет во Воронеж, Русија, и Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, Македонија.

Меѓународната научна конференцијата ФИЛКО, посветена на филологијата, културата и образованието, има за цел да ги обедини на едно место професионалците од овие области (професори, докторанди, магистранди).

Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…