(Видео) КОНКУРС ЗА ЕРАЗМУС+ ПРОГРАМА за студентска мобилност за студии и обука

Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип врз основа на Еразмус+ универзитетски чартер  бр. 256492-EPP-1-MK-EPPKA3-ECHE распишува Конкурс за Еразмус+ мобилности за академската 2016/2017 година почнувајќи од летен семестар и тоа за:

- студенти на додипломски студии – прв циклус студии, со запишан најмалку трет семестар;

- студенти на втор циклус студии;

- студенти на трет циклус студии.

Право на аплицирање имаат редовните студенти на Универзитет „Гоце Делчев“.

Конкурсот е отворен за 40 студентски мобилности и 5 студентски обуки (пракса).

Потребни документи за аплицирање:

- пополнет образец за студент;

- фотокопија од цел индекс;

- уверение за положени испити;

- кратка биографија;

- мотивациско писмо;

- две препораки од професори/асистенти;

- потврда за познавање на странски јазик;

- копија од сертификати.

Повеќе информации за потребните документи можат да се најдат на овој линк:

http://www.ugd.edu.mk/index.php/en/erasmus-plus/erazmus-programa-na-ugd

Целата документација треба да биде на македонски јазик. Документите се доставуваат лично во Центарот за меѓууниверзитетска соработка (Кампус 2) или по пошта на адреса:

М-р Сања Стефанова

Универзитет „Гоце Делчев’- Штип

Центар за меѓууниверзитетска соработка

(Кампус 2)

Бул. „Крсте Мисирков“ 10-А, п. фах 201

2000 Штип, Р. Македонија

Документите што ќе бидат поднесени електронски нема да бидат разгледувани.

Конкурсот е отворен од 3 јуни 2016 до 3 јули 2016 година.

 

Последен пат изменето на Понеделник, 13 Јуни 2016 15:32
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…