Со стипендирање на 1 (еден) студент, ЕВН Македонија ќе даде свој придонес и поддршка во едукација и оспособување на стручни и на квалитетни кадри од областа на енергетиката и воедно ќе им се даде стимул на идните студенти за запишување на Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип.
Можност за пријавување за стипендија ќе имаат студентите запишани првпат, во I, II, II и IV година, во учебната 2015/2016 година на Електротехнички факултет.
Стипендијата е во висина од 6.000 денари месечно и се доделува за 10 (десет) месеци, со можност за продолжување или за прекин, во зависност од обврските пропишани во Договорот за стипендирање.
Изборот и селекцијата на кандидатите ќе го изврши Комисија за стипендирање.
Обврски на корисникот на стипендијата:
• да достави потврда за редовен студент запишан во тековната година;
• да достави изјава дека не е корисник на стипендија или кредит од друга установа, институција или компанија;
• студиската година да ја заврши во рок и со просек не помал од 8.0, во спротивно стипендистот го губи правото на стипендија и се обврзува да го врати примениот износ на компанијата со која го склучил Договорот за стипендирање;
• други обврски пропишани во Договорот за стипендирање.
Начин на аплицирање:
Заинтересираните студенти е потребно:
• да потполнат aпликација/прашалник подготвен од страна на ЕВН Македонија АД Скопје;
• да подготват мотивациско писмо.
Документите се поднесуваат до Службата за студентски прашања на Електротехнички факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип најдоцна до 20.9.2016 - 12 часот.