КРАЕН РОК: 31 мај 2017 година.
Подетално за условите прочитајте на:
https://macedonia.usembassy.gov/archives/archive2016/fpc17-18ay.html
Ова е заедничка програма меѓу Стејт Департманот на САД и Владата на Република Македонија.
Услови за квалификација
- Кандидатот да има диплома за завршено високо образование или да биде запишан на постдипломски студии.
- Доволно познавање на англиски јазик за да може да студира или да истражува во САД.
- Кандидатот да е граѓанин на Република Македонија.
Упатство
- Сите пријави треба да се пополнети на англиски јазик и да се поднесат електронски на https://apply.embark.com/student/fulbright/international/20/.
- Секоја страна од пријавата има упатство за пополнување, кое треба да го прочитате внимателно пред да започнете со пополнување.
- Секое прашање мора да се одговори во целост и со внимание. Ве молиме, обидете се одговорите да ги вметнете во предвидениот простор за нив.
- Пополнетите пријави треба да се поднесат до 31 мај 2017 година.
- Нема да се прифатат нецелосни пријави.
Повеќе информации на веб-страницата на Министерството за образование и наука.