Организаторите се во потрага по пакување кое ќе ги заштити производите, но и ќе обезбеди незаборавно искуство за клиентите кога ќе го отпакуваат. Уште од основањето во 1996 година, „Young Package“ натпреварот постигна меѓународен углед и карактеристична позиција помеѓу натпреварите за млади дизајнери.
Секоја година неколку стотици учесници од целиот свет испраќаат апликации. Победниците ќе добијат 2.800 евра, а еден од победниците, исто така, ќе биде избран за тринеделно практикантство во „Model Obaly Innovation Centre“ во Прага. Повикот е отворен за млади дизајнери до 30 години, а крајниот рок за аплицирање е 24 март 2017 година.