Со пријавување и завршување на оваа еднодневна обука учесниците ќе стекнат практични знаења од полето на денталната медицина, кои ќе бидат во функција на зголемување на нивните знаења, вештини и компетенции од областа на оралната хирургија.
Секој учесник по завршувањето на обуката ќе се здобие со сертификат за завршена обука согласно со Законот за образование на возрасните („Службен весник на Република Македонија“ бр. 7/2008, 17/2011, 51/2011, 74/2012, 41/2014, 144/2014, 146/2015 и 30/2016).
Предавач ќе биде проф. д-р Цена Димова, професор на Факултетот за медицински науки при УГД. За реализирање на обуката е потребно да се пријават од пет до осум кандидати.
Време на одржување: 10.4.2017 г. – понеделник.
Место на одржување: Факултет за медицински науки, УГД - Штип.
Цена: За еден учесник котизацијата изнесува 6 000 денари, плус ДДВ.
Контакт: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Мобилен: 070 338 392.