Повик за доставување на трудови за Годишен зборник на Правен факултет

Правниот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип објавува Повик за доставување на трудови за седмиот број на Годишен зборник на факултетот. За таа цел Правниот факултет ги поканува и охрабрува сите заинтересирани да придонесат со свој ракопис во овогодишниот број на Зборникот.

Годишниот зборник промовира ракописи од областа на правото, политичките науки и социологијата и е отворен за автори кои доаѓаат од академската заедница, вклучувајќи студенти запишани на трет циклус студии. Годишниот зборник има меѓународен уредувачки одбор и трудовите може да се објавуваат на македонски, англиски и на руски јазик.

Правилата за изработка на трудовите се составен дел од овој Повик.

Повикот за доставување на трудови е отворен до 1 октомври 2017 г. и трудовите треба да бидат доставени по електронска пошта на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

За повеќе информации, обратете се на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Повик за доставување трудови во научно списание за студенти (.pdf)

call for papers (.pdf)

Упатство (.pdf)

 

Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…