КОНКУРС ЗА ЕРАЗМУС+ ПРОГРАМАТА за студентска мобилност за студии и обука

Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип врз основа на Еразмус+ универзитетски чартер  бр. 256492-EPP-1-MK-EPPKA3-ECHE распишува Конкурс за Еразмус+ мобилности за академската 2018/2019 година, почнувајќи од зимски семестар и тоа за:

1. Мобилност за студенти:

  • студенти на додипломски студии – прв циклус студии, со запишан најмалку трет семестар;
  • студенти на втор циклус студии;
  • студенти на трет циклус студии.

Право на аплицирање имаат редовните студенти на Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип.

Конкурсот е отворен за 60 студентски мобилности и 25 студентски обуки (пракса).

Потребни документи за аплицирање:

  • пополнет образец за студент;
  • фотокопија од индекс (прва страница);
  • уверение за положени испити;
  • кратка биографија;
  • мотивациско писмо;
  • две препораки од професори/асистенти;
  • потврда за познавање на странски јазик;
  • копија од сертификати.

Повеќе информации за потребните документи можат да се најдат на овој линк: http://cmus.ugd.edu.mk/index.html

2. Мобилност на наставнички кадар:

Мобилност за наставнички кадар во високообразовните институции во ЕУ (1 недела до 5 работни дена). Мобилноста се остварува во рамки на потпишани Еразмус + договори меѓу Универзитетот и ЕУ универзитетите).

Потребни документи:

  • изјава за вработен;
  • Mobility AgreementStaff Mobility For Teaching.

Повеќе информации за потребните документи можат да се најдат на овој линк: http://cmus.ugd.edu.mk/index.html

Целата документација треба да биде на македонски јазик. Документите се доставуваат лично во Центарот за меѓууниверзитетска соработка (Кампус 2) или по пошта на адреса:

М-р Сања Стефанова
Универзитет „Гоце Делчев’- Штип
Центар за меѓууниверзитетска соработка
(Кампус 2)
Бул. „Крсте Мисирков“ 10-А, п. фах 201
2000 Штип, Р Македонија

Документите што ќе бидат поднесени електронски нема да бидат разгледувани.

Конкурсот е отворен од 1 февруари до 15 март 2018 година.

Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…