Конкурс за стипендии на Владата на Франција за студии во Франција 2018/2019 г.

Конкурсот е отворен за кандидати кои се заинтересирани да следат студии во Франција, на ниво мастер или докторат.

Приоритет ќе им биде даден на студиите на француски јазик, во оние области кои не постојат или се недоволно развиени во земјава. Стипендијата може да ги покрива животните трошоци, како и трошоците за школарина во Франција во период од максимум 9 месеци, вклучувајќи го и здравственото осигурување. Статусот стипендист на Владата на Франција  им овозможува и други предности на стипендистите.

Процедура за барање стипендија

Услови кои треба да ги исполнува кандидатот:

• да има македонско државјанство;

• да биде на возраст до максимум 30 години за ниво мастер;

• да биде на возраст до максимум 35 години за ниво докторат;

• препорачано е да има познавање на француски јазик ниво Б2.

*Сепак, како исклучителен случај, можат да бидат разгледани барања за специфични програми на англиски јазик (на високите школи, специјализираните школи за технички науки итн.) на студенти кои имаат високи академски достигнувања и ќе покажат издржаност и оправданост во планот за студии во Франција и професионална кариера.

Потребни документи за пријавување:

• пополнет формулар за барање за стипендија;

• фотокопија од документ за лична идентификација (пасош или лична карта);

• потврда дека кандидатот конкурирал на мастер или докторат (кандидатите треба да презентираат потврда дека конкурирале или копија од остварена кореспонденција со францускиот универзитет; стипендијата се активира по добивањето на официјален документ за прием);

• копија од последна диплома и уверение за положени испити
(доколку оригиналите се на македонски јазик или некој друг јазик, документите ќе треба да се достават со заверен судски превод на француски јазик);

• две препораки од професори;

• писмо за мотивација во кое кандидатот треба да ги изнесе своите видувања за начинот и конкретната примена на здобиените знаења од студирањето, по враќањето во земјата;

• потврда за познавање на француски јазик (не е задолжителна, меѓутоа дава дополнителна вредност на кандидатурата);

• биографија (Curriculum vitae);

• една фотографија.

Некомплетните барања нема да бидат разгледувани.

По извршената претселекција врз основа на документите, кандидатите ќе бидат повикани на разговор во Францускиот институт во Скопје (за студенти кои се во Франција, постои можност за разговор преку скајп).
Целосната документација треба да биде на француски јазик, во два примерока и треба да биде доставена во предвидениот рок во Одделот на Кампус Франс, на адресата дадена подолу. Ниеден друг документ нема да биде примен по тој датум (освен потврдата за дефинитивниот прием).

За сите дополнителни информации, можете да се обратите во:
Одделот на Кампус Франс во Францускиот институт
ул. „Св. Кирил и Методиј“, бр. 48, п. фах 388, 1000 Скопје
тел: 02 / 3129 288

Лице за контакт: Сузана Пешиќ (Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.)

Краен рок за пријавување: 30 април 2018 г.

Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…