МОН доделува 20 стипендии за студии по старотурски јазик

Министерството за образование и наука распиша Конкурс за доделување на 20 стипендии за додипломски и постдипломски студии по старотурски јазик.

Право на стипендија има кандидатот кој ги исполнува следниве услови:

1. Да има завршено четиригодишно средно образование;

2. Да е примен на додипломски студии на прв циклус студии за првпат во прва година во академската 2016/2017 година на некој од универзитетите каде што се изучува старотурскиот (отомански) јазик;

3. Да не е корисник на стипендија од други даватели;

4. Да е државјанин на Република Македонија.

Документите да се достават до Министерството за образование и наука, на адреса: ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје (со назнака: стипендии за академски студии од прв или втор циклус во странство). Крајниот рок за пријавување е 30.9.2016 година.

Повеќе информации на веб-страницата на МОН.

Последен пат изменето на Вторник, 15 Март 2016 16:05
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…