Конференцијата има за цел да ги комбинира ставовите и научните пристапи на учесниците во меѓународните врски, меѓународните правила за енергетика, енергетската безбедност, алтернативните енергетски ресури, екологијата, еколошките предизвици, новинарството во екологијата и слично.
Покрај тоа, целта на оваа конференција е да стави акцент на важноста и улогата на енергетската безбедност преку призмата на националните и интернационалните организации и нивната перцепција и интерес. Другото прашање кое ќе биде обработено за време на оваа научна конференција е и улогата на медиумите во контекстот на енергетската безбедност и еколошките предизвици.
Повеќе информации за конференцијата и начинот на пријавување можат да се најдат на овој линк.
Крајниот рок за пријавување е 29 април 2016 година.