Приказ на предметите според таг: studenti

Во изминатиот период студентите од ФТБЛ успешно се претставија на десеттата по ред Туризмијада, организирана од страна на Факултетот за туризам и хотелиерство во Котор. На Туризмијадата што се одржа во Будва, Црна Гора, учествуваа 700 студенти од 24 факултети за туризам и угостителство од 12 земји. Во склоп на Туризмијадата беше организиран и Меѓународен конгрес за туризам на тема „Идни трендови во туризмот“ со познати гости предавачи од областа на туризмот од различни држави, а нашите студенти се претставија со презентација и учествуваа во натпревар на студија на случај за подобрување на резервацискиот систем на Хотел „Градче“.

Објавено во Студенти

Тројца студенти од Правниот факултет при УГД, Иван Николов, Елена Орцева и Иван Буралиев, беа дел од ораторскиот натпревар кој се одржа на 5 мај во склоп на настанот „Собир на македонските универзитети“, организиран по повод одбележувањето на 9 мај - Денот на Европа. Со својот говор на тема „Ја познавам ли доволно ЕУ“, Елена Орцева го освои второто место на натпреварот.

Објавено во Студенти

Земјоделскиот факултет при Универзитет „Гоце Делчев” – Штип, во учебната 2016/2017 година, се приклучи кон проектот CEEPUS (Central European Exchange Program for University Studies) (https://www.ceepus.info/#nbb), како дел од мрежата „Teaching and learning bioanalysis”. Во оваа мрежа членуваат 20 универзитети од повеќе европски држави, вклучувајќи ги Унгарија, Романија, Австрија, Хрватска, Полска, Чешка, Словачка и Бугарија.

Објавено во Студенти
Четврток, 04 Мај 2017 12:57

30 години Еразмус плус програма

Со Отворен ден, Универзитетот „Гоце Делчев“ се вклучи во одбележување на 30 години од постоењето на Еразмус плус програмата.

Објавено во Студенти

Катедрата за новинарство и односи со јавноста, вчера, на интернационалниот ден на слободата на медиумите организираше „Денови на студентите по новинарство од Република Македонија“. Станува збор за настан кој има за цел да ги зближи сите студенти на новинарство од цела Македонија, но и да ја потенцира важноста од слободата на медиумите.

Објавено во Студенти
Страница 30 од 78
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…