Мрежата е активна 19 години и неколку пати има добивано министерски награди како најактивна и најдобро оценувана мрежа во рамките на CEEPUS.
Со приклучувањето на Земјоделскиот факултет во оваа мрежа се отвораат можности за размена и студиски престои на студентите и наставничкиот кадар од факултетот на европските универзитети коишто се дел од оваа мрежа. Оваа можност ќе биде искористена во тековната академска година, а во подготовка е проектот за апликација за следната академска година.
Во рамките на овој проект, освен размена на професори и студенти, секоја година се одржуваа и симпозиум и летна школа, и тоа секоја година во различна земја-учесник во проектот. Оваа година симпозиумот и летната школа ќе бидат организирани во Охрид, Република Македонија, во периодот од 2 до 8 јули 2017 година. Овој настан ќе придонесе кон промоција на кадарот кој се занимава со научни истражувања од различни области и ќе биде одлична можност за проширување на соработката со различни универзитети од Централна и од Источна Европа.