Студенти од ФТБЛ учествуваа на Туризмијада 2017 во Црна Гора

Во изминатиот период студентите од ФТБЛ успешно се претставија на десеттата по ред Туризмијада, организирана од страна на Факултетот за туризам и хотелиерство во Котор. На Туризмијадата што се одржа во Будва, Црна Гора, учествуваа 700 студенти од 24 факултети за туризам и угостителство од 12 земји. Во склоп на Туризмијадата беше организиран и Меѓународен конгрес за туризам на тема „Идни трендови во туризмот“ со познати гости предавачи од областа на туризмот од различни држави, а нашите студенти се претставија со презентација и учествуваа во натпревар на студија на случај за подобрување на резервацискиот систем на Хотел „Градче“.

Исто така, во делот предвиден за спортски активности, студентите на ФТБЛ учествуваа во натпреварот во влечење со јаже и го освоија третото место за што добија пехар и диплома, како и на натпреварите за кошарка и одбојка. Студентите при оваа посета имаа можност да се запознаат со свои колеги од различни земји, да разменат искуства и да постават основи за понатамошна соработка. Освен учеството на Туризмијадата, тие реализираа теренска настава и организирана посета на туристичката дестинација Будва и стариот град.

Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…