Приказ на предметите според таг: nauka

Најголем придонес во вкупната доза што ја прима населението од природни извори на радиоактивно зрачење има радонот и неговите распадни продукти. Радонот може да се акумулира во затворен простор во високи концентрации и со тоа да предизвика сериозни здравствени ефекти. Имајќи ја предвид временската и просторна варијација на концентрациите на радон во затворен простор, истражувањата во ова поле сѐ уште се од голем интерес во научната литература.

Објавено во Наука

Идејата на овој проект е креирање на сензорски мрежи за следење на условите во винариите, како и климатските услови при одгледувањето на грозјето. Сензорските мрежи се надгледуваат и управуваат преку веб-апликација.Проектот претставува практично решение со кое се овозможува преку опрема со релативно ниска цена на чинење да се добие квалитетно надгледување и управување на системи на далечина.

Објавено во Наука

Американскиот лекар д-р Кент Брентли, кој ја победи смртоносната ебола, одржа предавање на УГД кое го организираше Факултетот за медицински науки.

Кент Брентли бил дел од медицинската мисионерска група „Samaritan's Purse“, чија главна цел била лекување на пациенти заболени од ебола во Либерија. Додека ги лекувал пациентите заболени од ебола се заразил од вирусот и бил првиот Aмериканец вратен во САД со цел да биде лекуван од вирусот со сѐ уште експерименталниот серум во Универзитетската болница „Емори“ во Аталанта, Џорџија, при што целосно се излечил.

Објавено во Наука

Истражувачкиот извештај Разлика во плати врз основа на пол на национално ниво од 2015 година е објавен од Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Комисијата за заштита од дискриминација.

Објавено во Наука

Идејата за ова истражување произлегува од реалните проблеми каде што снимањето и прикажувањето на слики е многу често користен извор на информации. Поради недостатоците на процесите за сликање и снимање, снимените слики секогаш не претставуваат идентична верзија на оригиналната сцена.

Објавено во Наука
Страница 36 од 72
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…