Д-р Кент Брентли: Ја победив смртоносната ебола, но пак би постапил исто

Американскиот лекар д-р Кент Брентли, кој ја победи смртоносната ебола, одржа предавање на УГД кое го организираше Факултетот за медицински науки.

Кент Брентли бил дел од медицинската мисионерска група „Samaritan's Purse“, чија главна цел била лекување на пациенти заболени од ебола во Либерија. Додека ги лекувал пациентите заболени од ебола се заразил од вирусот и бил првиот Aмериканец вратен во САД со цел да биде лекуван од вирусот со сѐ уште експерименталниот серум во Универзитетската болница „Емори“ во Аталанта, Џорџија, при што целосно се излечил.

Во септември 2014 година имал средба со американскиот претседател Барак Обама во Белата куќа, а истиот месец д-р Брентли три пати донирал своја плазма за да ги спаси животите на другите Aмериканци заболени од Ебола.

Истата година одржал говор за време на Молитвениот појадок во Вашингтон, а магазинот „TIME“ го прогласил д-р Кент Брентли за „Личност на годината“ за 2014 година.

Пред студентите на Факултетот за медицински науки д-р Кен Брентли говореше за своето искуство, а одговараше и на нивните прашања.

-Тоа беше навистина тежок начин на определување на терапија, јас примив лек, а она што е важно да се каже е дека моментално ги чекаме искуствата  од лекуваните пациенти од западниот дел на Африка за да можеме да направиме детални анализи и стручни студии од кои ќе ги вадиме заклучоците понатаму – изјави д-р Брентли во врска со лекот кој му помогнал да ја совлада еболата.

Деканот на Факултетот за медицински науки проф. д-р Рубин Гулабоски изрази задоволство од фактот што личност како д-р Кент Брентли гостува на УГД пред студентите во Штип и најави продолжување на ваквата пракса:

- Ние веќе подолго време имаме соработка со американски доктори кои речиси секоја недела одржуваат предавања или воркшопови, обуки каде што нашите студенти се стекнуваат со практични вештини, се запознаваат со она што е современа наука во медицината, но исто така воспоставуваат контакти кои понатаму широко ќе им ги отворат вратите за нивно натамошно усовршување во медицината – изјави проф. д-р Гулабоски.

Последен пат изменето на Вторник, 22 Март 2016 14:35
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…