Универзитетската телевизија и Универзитетското радио го продолжуваат серијалот на гостувања на деканите и продеканите на факултетите при УГД, со цел да ги доближат сите овие единици до студентите и до потенцијалните студенти.

Разговаравме со продеканот на Факултетот за информатика, проф. д-р Благој Делипетрев. Професорот Делипетрев одговори на прашањата за потенцијалот на овој факултет и можностите што им ги нуди на студентите. Интересно е да се спомене дека студентите од овој факултет сѐ почесто излегуваат од факултетот со веќе сработени реални софтвери и софтверски решенија, тоа значи дека при процесот на вработување тие веќе имаат свое самостојно портфолио благодарение на тоа што во текот на студиите изработуваат многу практични задачи.

За ова и за многу други прашања поврзани со Факултетот за информатика гледајте во интервјуто со продеканот на овој факултет. 

Последен пат изменето на Среда, 16 Март 2016 15:29
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…