Приказ на предметите според таг: nauka
Проект „Јакнење на деловните капацитети на жените претприемачи во Република Македонија, како земја во развој“
Женското претприемништво се назначува како нова движечка сила, како важен „неискористен извор“ за раст и развој на економиите.
Во овој проект истражувачи од Економскиот факултет при УГД се фокусираат на деловните капацитети, анализа на менаџерските и лидерските способности, стратегиското планирање, како и маркетинг и финансиските способности.
Земјоделски факултет го проучува составот на штетните и корисните инсекти кај доматот што се огледува во заштитен простор
Земјоделскиот факултет при УГД работи на проект „Eнтомофауна кај домати во заштитен простор при конвенционално и интегрално производство“. Во истражувачкиот тим на проектот се проф. д-р Душан Спасов, проф. д-р Саша Митрев, проф. д-р Драгица Спасова, проф. д-р Милан Ѓеорѓиевски, д-р Билјана Атанасова и дипл. инж. агроном Цветанка Арсова.
Факултетот за информатика изработи прототип на систем за следење на здравјето
Научници од Факултетот за информатика при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, проф. Благој Делипетрев и Јасна Цекова - студентка на магистерски студии, објавија труд во кој го презентира системот за следење на здравјето со користење на мобилни телефони и уреди погодни за носење (wearables).
Професионалниот развој на наставниците главна цел на истражувачкиот тим од ФОН
Имајки го предвид постмодерниот третман на знаењето како капитал со највисока оплодувачка моќ и фактот дека училиштето се уште претставува најмасовна, најорганизирана и најсистематизирана форма на образование, подигањето на квалитетот на работата на училиштата претставува постојана преокупација на сите земји во светот.
Унапредување на земјоделието преку роботиката – проект на Факултетот за информатика
Примената на роботика во земјоделието е дел од трендот на автоматизирање на работите и дејностите на луѓето кои се карактеризираат со зголемен физички напор. Последните трендови во роботиката исто така вклучуваат и автоматизација на процеси кои можат да бидат штетни по здравјето на луѓето. Од друга страна, кооперативноста и кординацијата се современи концепти во развојот на роботичките системи. Коперативност во смисол на размена на информации помеѓу роботите за нивната состојба, позиција и нивните мерења, размена на контекстуални информации како временски услови, температура, ветер, атмосферска влажност итн., контекстуални информации за присуството на одреден вид на штетници на полето, мерки на заштита кои треба да се превземат итн.