Се работи за систем што нуди следење во реално време на срцевите отчукувања кај човекот, пренос и зачувување на податоците на облак (Cloud).
Системот претставува примена на новите технологии во здравството со користење на мобилни уреди и интернет, така што граѓаните добиваат здравствени услуги во секое време и на секое место, а не само во здравствени центри.
Системот има едноставен графички интерфејс кој обезбедува лесно користење и пристап не само за младите, но исто така и за повозрасните корисници. Најважните придобивки се: зголемување на медицинска превенција, брзо време на одговор од лекарите, 24-часовно следење на состојбата на пациентот/корисникот, можност за известување при влошување на состојбата, запис на измерените податоци (пулс). Корисниците имаат можност да ги внесува своите дневни измерени податоци како што се шеќер, висина, тежина, висок крвен притисок и низок крвен притисок кои подоцна заедно со добиените податоци од срцевиот ритам и графиконот исцртан од истите ќе бидат прегледани од медицинските лица преку веб-апликацијата, исто така, има можност за преземање во ворд документ.
Истражувањето имаше за цел да се изгради комплетен модел на систем што ги подобрува условите на третман за следење во домот на пациентот и ја зголемува медицинската грижа што резултира со значително намалување на вкупните трошоци за пациентите во болниците. Компонентите на системот се уред погоден за носење (Polar H7), мобилен телефон (Android OS) и облак технологии (Amazon Cloud). Ова решение е релативно евтино и им дозволува на пациентите слободно движење и извршување на секојдневните активности.
Системот е теститан повеќе од 48 часа непрекинато следење на отчукувањето на срцето во реално време, без никакви проблеми и недостатоци податоците биле во целост прикажани и зачувани според очекуваното. Со следење на отчукувањето на срцето на пациентите за време на спиење, вежбање, јадење, одење во одреден временски период се потврди точноста на добиените резултати од сензорот и целосното функционирање на системот.
Тестирањата на системот на неколку пациенти од штипската болница и споредбата на резултатите со професионалните уреди покажуваат дека овој систем целосно одговара на неговата улога.
Следен чекор во развивањето на овој систем е негова примена во некоја од нашите здравствени установи.
Во продолжение се наоѓа пример од резултати од мерење на срце, податоци кои се добиени од овој систем.