Нов чоколаден лек против деменција

На пазарот во Велика Британија е претставен нов лек против деменција, направен исклучиво од чоколадо, откако беше утврдено дека какаото го подобрува протокот на крв.

Овој лек помага да се намали ризикот од срцев удар, мозочен удар и од деменција и сега е достапен во Британија.

Флаванолите добиени со екстракција од какаото помагаат во борбата против холестеролот и го подобруваат протокот на крв. Но, за да ја достигне ефективата доза, човек би требало да изеде околу 400 грама црно чоколодо, што изнесува 2.429 калории.

Лекот е наречен „Бладфлоу +“ (BloodFlow+) и е наменет за лицата кои имаат срцеви проблеми.

Истражувачите од Кралското здружение за хемија докажале дека флаванолите помагаат во создавањето на азотен оксид кој поттикнува опуштање на мускулатурата на ѕидот на артериите.

Европската дирекција за безбедност на храната (EFSA) прифатила дека  овој лек го подобрува протокот на крв и преносот на кислород и хранливи материи во телото.

Во моментов и научниците од САД ги проучуваат придобивките од флавинолите од какаото, за кои се смета дека ја подобруваат еластичноста на крвните садови за 23 проценти.

Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…