Тие откриле дека овој феномен, кој се нарекува „LRE“ (life review experiences или искуство на преглед на животот), сепак не изгледа како што е прикажано во филмовите и сликите не се поредени хронолошки. Всушност, се работи за „бомбардирање“ на мозокот со низа искривени сеќавања, набиени со емоции.
„Се случува суперконцентрираност на менталните процеси кои се одвиваат секој ден“, се наведува во истражувањето објавено во „Consciousness and Cognition“.
Научниците анализирале седум лица кои изјавиле дека доживеале „LRE“ и добиле различни сведочења, но сите имале една иста карактеристика, луѓето рекле дека дожвеале емоции од перспектива на своите блиски.
„Ги видов, ги чувствував работите што се однесуваат на мојот татко и тој ги споделуваше со мене работите од неговото рано детство и колку му било тешко тогаш“, се вели во едно од сведочењата, пренесува „Newser“.
Научниците велат дека се потребни повеќе истражувања за да се откриe што се случува со мозокот во овие состојби, но една од теориите е дека во областите од мозокот каде што се складирани сеќавањата се случуваат „дефекти“ предизвикани од намалувањето на кислородот.