Системот е наречен Трапист-1 и во него постојат седум планети слични на Земјата кои кружат околу џуџеста ѕвезда, постудена и поцрвена од Сонцето.
Шест од планетите се во зона каде што температурите би можеле да се движат од 0 до 100 Целзиусови степени. На најмалку три од тие шест планети научниците сметаат дека може да има и вода.