Вирусот зика сепак предизвикува микроцефалија?

Преку анализа на лабораториски набљудувани клетки, тим на истражувачи се сомневаат дека вирусот зика предизвикува микроцефалија кај фетусите на мајки заболени од овој вирус. Вирусот ги инфицира мозочните клетки со што предизвикува нивно прерано умирање и намалена можност за нивна нормална поделба и формирање на нови мозочни клетки.

Научниците велат дека нивните експерименти покажуваат дека овие сомнителни лабораториски произведени клетки можат да бидат искористени и за тестирање на нивната реакција со лекови кои ги штитат од инфекции и спречуваат појава на нови.

„Студиите на фетусите и бебињата со значително помали глави и мозоци, заболување наречено микроцефалија, во регионите зафатени со вирусот зика покажале абнормалности на кортексот, а вирусот зика е дијагностициран кај овие индивидуалци“, вели Гуо-ли Минг, професор по неврологија, невронаука и психијатрија на Институтот „Џонс Хопкинс“.

„Додека оваа научна студија не е дефинитивен доказ дека вирусот зика предизвикува микроцефалија, сепак докажува дека клетките кои се формираат во кортексот потенцијално се заразени од вирусот, а нивниот раст може да биде под влијание од овој вирус“.

Резултатите од експериментот што е воден од медицинската школа „Џонс Хопкинс“ при Универзитетот во Флорида и Универзитетот „Емори“ се објавени на 4 март годинава во списанието Cell Stem Cell.

Целосната студија може да се најде на овој линк.

Извор: www.sciencedaily.com.

Последен пат изменето на Вторник, 15 Март 2016 16:00
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…