Аспиринот го намалува ризикот за развој на рак

Долго време се знае дека аспиринот има бенефити за многу болести кај човекот, а нова научна студија сега тврди дека овој лек може да го намали вкупниот ризик од развивање на рак. Според истражувањето на научниците од Универзитетот „Харвард“ редовната употреба на аспирин го намалува ризикот генерално за 3 проценти, а особено има ефект врз ракот на дебелото црево и различните тумори на гастроинтестиналниот тракт.

Иако научниците знаеја дека аспиринот помага во намалувањето на ризикот од развој на овие видови на рак сега првпат се доаѓа до откритие дека аспиринот помага во намалување на ризикот за развој на ракот воопшто.

За да дојдат до овие податоци тие проучувале лонгитудинални анализи од две научни студии кои имаат податоци за вкупно 136 илјади учесници во период од 32 години. 

Пронајдоците, објавени во списанието ЈАМА онкологија, велат дека редовната употреба на аспирин го намалува ризикот од рак на дебелото црево за 19 проценти и ризикот за рак на гастроинтестиналниот тракт за 15 проценти.

Сепак, за одредени типови на рак научниците немаат доказ дека аспиринот има вакви ефекти. Тоа е ракот на дојката, простатата и на градите.

Сепак, сите веројатно се прашуваат што значи „редовна“ употреба на лекот. Истражувачите дефинирале дека една стандардна или една мала таблета на аспирин двапати неделно. Според нивните анализи испитаниците користеле од половина стандардна до една и пол стандардна таблета неделно или една мала таблета дневно.

Иако ги имаат овие податоци научниците не препорачуваат секоја личност да пие аспирин и дека процената зависи од општата здравствена состојба на пациентот. 

Последен пат изменето на Вторник, 15 Март 2016 16:01
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…