Истражувањето е сѐ уште во почетна фаза, па затоа не е можно прецизно да се посочи можната примена, но со оглед на успехот што е постигнат и состојката што се користи ова би можело да се покаже како многу ефикасно, ако се спореди со соларните централи или ветерните турбини.
Тимот кој работел на овој проект го сочинувале 17 студенти од Универзитетот Тијанџин и двајца средношколци. Тие хранејќи ги споменатите бактерии само со лажичка шеќер успеале да создадат стабилно електрично производство.
Истражувањата со микробиолошки ќелии за гориво се одвиваат веќе подолго време, но заради малиот метаболички капацитет беше тешко да се произведе ефикасна електрична енергија. Според водачот на тимот Линг Веи, кој студира фармацевтски инженеринг, најиновативен чекор што тие го направиле е тоа што искористиле повеќе видови на бактерии.
„Максималното производство што е постигнато на тестирањата изнесува 520 миливолти. Системот бил тестиран 80 часа и за тоа време продукцијата била константна. Сѐ што е потребно за ќелиите e лажичка шеќер или трева, состојки што се достапни во изобилие“, истакнува Линг.
Повеќе за истражувањето прочитајте на enauka.mk.