Нов технолошки уред кој ја менува реалноста

Бројот на производители на услугата наречена „изменета реалност“ постојано се зголемува. „Изменета реалност“ е можност корисникот да гледа виртуелни 3D објекти во просторот околу него. Една од најголемите ИТ компании „Intel“ најавува новини во оваа технологија, со што ќе се компензира константното намалување на продажбата на компјутери и лаптопи, а со тоа и на нивните процесори.

Уредот на Intel веројатно би се базирал на RealSense 3D камерата, која веќе успешно се користи во лаптопите со Windows 10 за брзо препознавање на лицето на корисникот, но и во некои прототип телефони со цел подобрено препознавање на 3D објектите во околината, дури и во дроновите, кои полесно се ориентираат во просторот со оваа камера.

Првите информации за уредот за изменета реалност на Intel се очекува да бидат презентирани на Конференцијата “Intel Developer Conference” која ќе се одржи кон крајот на годината.

Последен пат изменето на Вторник, 15 Март 2016 16:01
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…