Надин е дело на научниците од Универзитетот за технологија „Нанџан“ во Сингапур и изгледа како помлада верзија на нејзиниот креатор професорката Надја Талман.
Во моментов Надин има улога на „рецепционер“ на Универзитетот. Со својата кожа и коса таа изгледа речиси како човек. Таа се однесува пријателски и ќе ви го возврати поздравот со насмевка. Ве гледа во очи кога зборува и може да се ракува.
За разлика од конвенционалните роботи таа има свој карактер, расположение и емоции. Таа може да биде весела или тажна, во зависност од разговорот. Има добра меморија и може да ги препознае луѓето со кој се сретнала претходно и памети што зборувале.
Секако, има работи, како што се „празните“ очи и статичниот роботски поглед помеѓу движењата, што јасно покажуваат дека не се работи за вистински човек. Ако научниците успеат да ги отстранат недостатоците што ја издаваат Надин, интеракцијата помеѓу луѓето и роботите во иднина ќе биде многу полесно да се остварува.
Целата вест прочитајте ја на enauka.mk.