Како доаѓа пролетта?

Основна причина за промена на годишните времиња е, пред сѐ, инклинацијата, односно наклонот на Земјината оска при нејзината ротација околу Сонцето. Имено, Земјината оска е навалена во однос на линијата која е нормална на правецот на движењето околу Сонцето за 23 степени и 27 минути.

Кога Земјата би се движела исправена, така што нејзината оска не е под ваков наклон, тогаш и северот и југот на планетата во текот на целата година би биле осветлени со еднаков интензитет од Сончевото зрачење. Но, бидејќи Земјата кружи околу Сонцето под наклон, половина година накај Сонцето повеќе е навалена северната земјина полутопка, поради што на неа сончевото зрачење паѓа под поповолен агол и има поголем интензитет. Тогаш на север е потопло и сметаме дека тогаш е пролет и лето.

Во текот на втората половина, во есен и зима, Земјата го обиколува Сонцето од „другата страна“, така што кон Сонцето повеќе е навалена јужната полутопка. Оној момент од движењето кога двете полутопки ќе се најдат подеднакво осветлени претставува момент на рамноденица, односно преодот од зима во пролет. Тогаш се еднакви и осветлената и неосветлената површина од планетата, односно и денот и ноќта.

Целиот текст прочитајте го на enauka.mk.

Последен пат изменето на Понеделник, 21 Март 2016 13:08
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…