Иновација – биоразградливо шише

Секоја година милиони тони пластичен отпад завршува на депониите и во океаните. Затоа потрагата по еколошка алтернатива за пластиката зема сѐ поголем замав.

Исландскиот студент по дизајн Ари Јонсон има една таква идеја – биоразградливи шишиња за вода направени од материјал кој зад себе не остава таков проблем како што тоа го прави пластиката.

Во потрага по материјал кој би можел да се искористи за изработка на шишиња кои ќе се распаднат откако веќе нема да бидат потребни, Јонсон открил прашкаста форма на агар, супстанција која се добива од алги. Кога овој прашoк ќе се додаде во вода формира желатинозна маса којашто со помош на калап може да се обликува во секаква посакувана форма. Според дизајнерот, формата се задржува сѐ додека шишето не се испразни.

Засега биоразградливото шише е само во фаза на концепт и сѐ уште не може да се користи како сериозна замена за пластиката. Јонсон признава дека најголем проблем во врска со агарот како материјал за пакување е тоа што лесно се кине.

Сепак, шишето е дизјнирано да ги поттикне луѓето да размислуваат за овие производи што секојдневно ги употребуваат и како да се најде подобар начин за нивно производство, како и за нивно отстранување.

Шишето на Јонсон, кој е студент на исландската Академија за уметност, е прикажано како дел од изложбата „DesignMarch“ во Рејкјавик.

Последен пат изменето на Вторник, 05 Април 2016 13:14
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…