Студентите на ТТФ на модна ревија во куќата на Тоше Проески

Студентите на Технолошко-технички факултет, под менторство на доц. м-р Ванѓа Димитријева-Кузманоска, трета година по ред учествуваат на Хуманитарна модна ревија со детски модели во Спомен-куќата „Тодор Проески“ во Крушево, по повод празникот Св. Никола. Ревијата е во чест на најголемата музичка ѕвезда Тоше Проески. Тој секогаш на овој празник организираше хуманитарни концерти и им помагаше на оние кои најмногу имаа потреба од помош.

Проектот е организиран во соработка со Спомен куќата „Тодор Проески“ во Крушево, Општина Крушево, ООУ „Никола Карев“ во Крушево, студиото за танц ,,Break the floor" од Штип  и Технолошко-техничкиот факултет при УГД - Штип.

Студентите на ТТФ во декември имаа повеќе учества со модни ревии од хуманитарен карактер во Пробиштип на „HAND MADE“ и во Струмица на ,,Убави сме -свои сме", кои беа организирани по повод 3 декември, меѓународниот ден на лицата со хендикеп, на кои манифестации тие им ги подарија своите изработки на децата со хендикеп и децата без родители.

Сите овие учества на студентите на ТТФ придонесоа и за многу други покани, на кои студентите ќе имаат можност да се претстават во периодот што следува.

Последен пат изменето на Петок, 22 Декември 2017 13:12
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…