Германска божиќна забава

Катедрата за германски јазик на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и Центарот за странски јазици и судски преводи „Германика“ во Штип организираат Германска божиќна забава, со цел да се претстави дел од католичката традиција за божиќните празници.

Оваа забава има хуманитарен и забавен карактер, а гостите ќе имаат можност да слушнат германски божиќни песни во изведба на учениците од „Германика“, како и да вкусат производи кои се дел од традицијата на одбележување на католичкиот Божиќ.

Германската божиќна забава ќе се одржи во четврток, 21 декември 2017 година, во холот на Правниот факултет на УГД, со почеток во 19 часот.

Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…