Приказ на предметите според таг: УГД Живот
Саем на книгата на Филолошки факултет во Штип
Под мотото ,,Да се купи книга е прва лига", а по повод Светскиот ден на книгата, неодамна на Филолошкиот факултет во Штип се одржа Саем на книгата.
УГД ги претстави можностите за студирање пред прилепчани
Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип организираше Отворен ден на плоштадот „Методија Андонов – Ченто“ во Прилеп, на кој ги претстави своите програми и студии пред средношколците. Според проректорот за настава проф. д-р Кирил Барбареев, Отворениот ден има за цел да го доближи Универзитетот до потенцијалните средношколци.
Професор од Економски факултет најдобар млад макроекономист за 2017 година според Народна банка на Република Македонија
Доц. д-р Дарко Лазаров од Економски факултет при УГД ја доби престижната награда за најдобар млад макроекономист за 2017 година што Народна банка на Република Македонија (НБРМ) ја доделува за најдобар истражувачки труд од областа на макроекономија, банкарство и банкарски системи.
УГД на Отворени денови се претстави во Струмица и Кавадарци
Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип организираше Отворени денови во Струмица и во Кавадарци. Средношколците од Струмица и од Кавадарци имаа можност да се запознаат со студиските програми, условите за студирање, организационата структура на Универзитетот, кампусите, можностите за вклучување во истражувачки, студентски и спортски активности, за учество во програмите за студентска работа на познати светски универзитети, како и запознавање со можностите на електронскиот индекс и добивањето стипендии.
(Видео) Интервју со ректорот на УГД за 10 години Универзитет
Ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“, проф. д-р Блажо Боев, по повод 10-годишнината на Универзитетот неодамна имаше гостување во медиумите. Едно од тие интервјуа ви пренесуваме во целост. Станува збор за интересен разговор во кој ректорот на УГД зборува за рангирањето на Универзитетот како второрангирана институција од сите високообразовни установи во Република Македонија.