УГД на Отворени денови се претстави во Струмица и Кавадарци

Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип организираше Отворени денови во Струмица и во Кавадарци. Средношколците од Струмица и од Кавадарци имаа можност да се запознаат со студиските програми, условите за студирање, организационата структура на Универзитетот, кампусите, можностите за вклучување во истражувачки, студентски и спортски активности, за учество во програмите за студентска работа на познати светски универзитети, како и запознавање со можностите на електронскиот индекс и добивањето стипендии.  

- Во овие десет години на Универзитетот во Штип дипломираа близу 700 студенти од Струмица. Тоа значи дека младите луѓе од Општина Струмица го препознаваат Универзитетот како институција каде што сакаат да студираат. На некој начин УГД денес се претставува не само пред средношколците, туку и пред граѓаните на Струмицаизјави проф. д-р Кирил Барбареев, проректор за настава на УГД.

На Отворениот ден во Кавадарци средношколците и граѓаните, исто така, можеа да се запознаат со условите и студиските програми кои УГД им ги нуди во Наставниот центар во Кавадарци, но и во Штип, Струмица, Прилеп и во Скопје. Ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев, рече дека предност на УГД е што е близок со средношколците:

- Универзитетот дава квалитетно образование кое ќе им служи на студентите во животот и со тоа образование ќе најдат работа, ќе работат во нашата држава и ќе можат да направат размена со другите универзитети во Европа, да поминат еден или два семестри, да стекнат пријателства и да видат како живеат другите во Европа изјави проф. д-р Блажо Боев.

 

Последен пат изменето на Четврток, 11 Мај 2017 12:42
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…