Приказ на предметите според таг: УГД Живот

Ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ во својот говор по повод 10 години од основањето на Универзитетот истакна дека иднината на една земја не зависи толку од големината на нејзините вкупни приходи или таканаречениот БДП, ниту од убавината на разните градби, туку од бројот на образовани млади луѓе, од нивното знаење, карактерот што тие во себе го носат, односно од интелектуалниот потенцијал.

Објавено во УГД Живот

Еден од најпознатите светски дерматовенеролози, академик проф. Николај Цанков од Бугарија одржа предавање на тема „Сифилис“ пред повеќе од двесте студенти, вработени и еминентни гости на УГД. Академик Николај Цанков, чии предци потекнуваат од Штип, беше посебно горд на неговиот дедо - Панчо Накашев, роден штипјанец, кој бил емигрант во Софија, каде што отворил и една од првите аптеки во Бугарија, а патентирал и лек против Паркинсонова болест.

Објавено во УГД Живот

„Велосипедската трка која ќе се одржи во недела во рамките на одбележување на патрониот празник на Универзитетот 'Гоце Делчев' - Штип влегува во календарот и со неа ќе  се отвора сезоната на трки на Велосипедската федерација на Република Македонија“, објави на денешната прес-конферниција секретарот на Федерацијата, Сашо Ванчевски.

Објавено во УГД Живот
Четврток, 23 Март 2017 16:21

10 години УГД

Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип одбележува 10 години од своето основање. Јубилејот се одбележува со низа манифестации, кои започнаа со полагање цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев пред Ректоратот на УГД, каде реч за Гоце Делчев одржа доц. д-р Кирил Барбареев, проректор за настава на УГД. Ректорот проф. д-р Блажо Боев изјави дека десет години не е голем период за постоење на една високообразовна установа, но е доволен да се потврди таа со квалитетот и основаноста за нејзиното постоење.

Објавено во УГД Живот

Со финалните натпревари заврши Универзитетската спортска недела на УГД, во која студентите се натпреваруваа во пинг-понг, мал фудбал, баскет, одбојка и ракомет.

Објавено во УГД Живот
Страница 92 од 144
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…