Приказ на предметите според таг: УГД Живот
(Видео) Преку 200 велосипедисти и рекреативци на велосипедската трка во Штип
Голем број заинтересирани млади од сите краеви на државата викендов пристигнаа во Штип на велосипедската трка по повод патрониот празник на Универзитетот „Гоце Делчев“.
(Видео) Гледајте ја велосипедската трка во живо преку интернет
Велосипедската трка „Со велосипед на факултет“ започнува денес во 11.00 часот на плоштадот „Слобода“ во Штип. Голем број на велосипедисти од цела Македонија денес пристигнаа во Штип со цел да учествуваат на оваа трка. Голем број на дечиња и студенти ќе бидат дел од рекреативната и јуниор трката која исто така е дел од овој настан.
(Видео) УГД прослави девет години од своето постоење
Со свечена седница на Универзитетскиот сенат и со промоција на почесен доктор на науки УГД го продолжи одбележувањето на девет години од своето постоење. На свечената седница во својот говори одржаа ректорот на УГД проф. д-р Блажо Боев и заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски. Во својот говор ректорот Боев истакна дека овој Универзитет во централното место ги става своите студенти и им порача на нив да ја употребат својата имагинација само така ќе стигнат насекаде во универзумот.
УГД го започна одбележувањето на девет години од постоењето
Универзитетот „Гоце Делчев“ со промоција на доктори на науки и промоција на Kаталог на изданија го започна одбележувањето на девет години од основањето. Стојанче Мијалковски, Афродита Зенделска, Тодор Чекеровски и Доне Стојанов се докторите на науки кои беа промовирани денес. Некои од нив ги образложија своите докторски дисертации и објаснија каде тие се гледаат во иднина.
УГД и Министерството за животна средина ќе реализираат проекти за заштита на животната средина
Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и Министерството за животна средина и просторно планирање потпишаа Договор за соработка и финансирање на проектите „Персонална експозиција на респирабилни цврсти честички на урбаната популација во Скопје и Тетово“ и „Мониторинг и мапирање на нивото на бучава во урбани средини“.