(Видео) Преку 200 велосипедисти и рекреативци на велосипедската трка во Штип

Голем број заинтересирани млади од сите краеви на државата викендов пристигнаа во Штип на велосипедската трка по повод патрониот празник на Универзитетот „Гоце Делчев“.

Во категоријата сениори победник беше актуелниот шампион на Македонија Стефан Петровски од тимот „Вело М“. Второто место во оваа категорија му припадна на Никола Левков од тимот „Енерџи“, а третото на Дарко Симоновски, исто така, од тимот „Енерџи“. Во јуниори првото место му припадна на Денис Кајевски од „Вело – М“, второто место на Кристијан Ванчевски од тимот „МВК – Велес“, а третото на Марио Петровски од „Вело – М“. Медали и пехари беа доделени и во категориите кадети и јуниори, а имаше голем број натпреварувачи и во рекреативниот дел на трката. Првиот круг го извозија актуелниот и претходниот ректор на Универзитетот, проректорите и многу професори од УГД. Универзитетот „Гоце Делчев“ трката ја организираше како дел од прославата на девет години од своето основање. Ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев, истакна дека Универзитетот посветува особено внимание на културата и на спортот.

Ние ја организиравме оваа трка во рамките на нашата прослава со цел да ги поддржиме културата и спортот во овој регион. Целта е Универзитетот да биде општествено одговорен. Сметаме дека не е доволно само да бидеме присутни во овој град, туку треба да помогнеме и во делот на културата, спортот и образованието, истакна ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев.

Трката се одвиваше во центарот на градот, а покрај професионалните и лиценцирани велосипедисти учествуваа и рекреативци, но и најмладите со своите мали велосипеди кои имаа возење на Плоштадот „Слобода“ во Штип.

Универзитетот со ова покажува дека е општествено одговорен и воедно сакам да им се заблагодарам на сите кои дадоа придонес за да се реализира оваа трка денес во Штип. Ова ќе стане традиционално за патрониот празник на УГД, истакна проректорот на УГД проф. д-р Кирил Барбареев.

 

Покрај трката, на плоштадот настапија неколку штипски музички групи, но и ди-џеи кои ја забавуваа присутната публика. Целосните резултати од сите натпреварувања беа следни:

Рекреативци до 15 години (женски)

  1. Викторија Стаменова

Рекреативци до 15 години (машки)

  1. Давид Милошев
  2. Никола Велков
  3. Панче Поп Методиев

Рекреативци над 15 години (женски)

  1. Драгана Стојменова
  2. Александра Георгиеска
  3. Гордана Донева

Рекреативци над 15 години (машки)

  1. Тони Бајректаров
  2. Милан Димитриовски
  3. Саше Величковски

Категорија У – 13 (машки)

  1. Војдан Тодоров (Енерџи)
  2. Андреј Танушевски (Енерџи)
  3. Леј Пановски (МКВ – Велес)

Категорија У – 15 (Машки)

  1. Виктор Ваниевски (МКВ – Велес)
  2. Зоран Петревски (Илинден)
  3. Роберт Пановски (МКВ – Велес)

Категорија У – 15 (жени)

  1. Анита Величковска (Оксиџен)
  2. Анета Антовска (Оксиџен)
  3. Мила Анастасовска (Вело – М)

Категорија кадети

  1. Милош Милевски (Вело – М)
  2. Марко Стефановски (Илинден)
  3. Горјан Крстев (МКВ – Велес)

Категорија мастерс

  1. Сашко Јосифовски (Енерџи)
  2. Ален Денковски (Вело – М)
  3. Дејан Новковски (Енерџи)

Категорија јуниори

  1. Денис Кајевски (Вело – М)
  2. Кристијан Венчевски (МКВ – Велес)
  3. Марио Петровски (Вело – М)

Категорија сениори

  1. Стефан Петровски (Вело – М)
  2. Никола Левков (Енерџи)
  3. Дарко Симоновски (Енерџи)

 

 

Последен пат изменето на Понеделник, 28 Март 2016 13:35
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…