УГД го започна одбележувањето на девет години од постоењето

Универзитетот „Гоце Делчев“ со промоција на доктори на науки и промоција на Kаталог на изданија го започна одбележувањето на девет години од основањето. Стојанче Мијалковски, Афродита Зенделска, Тодор Чекеровски и Доне Стојанов се докторите на науки кои беа промовирани денес. Некои од нив ги образложија своите докторски дисертации и објаснија каде тие се гледаат во иднина.

Моментално сум дел од Универзитетот „Гоце Делчев“. Бев асистент шест години на УГД и се надевам дека во иднина мојата кариера ќе продолжи во таа насока. Во иднина би можел да истражувам во различни области. Техничките науки можат да се поврзат и со медицинските науки, и со рудниците, како во мојот случајистакна д-р Тодор Чекеровски, еден од четворицата промовирани доктори на науки

Темата на мојата дисертација е оптимизиација на степенот на искористување при подземна експлоатација на металични минерални суровини. Мојата област е околу рударството, поточно подземната експлоатација. Верификацијата на методологијата што беше разработена беше во Рудникот „САСА“изјави д-р Стојанче Мијалковски, исто така дел од промовираните доктори на науки

Покрај промоцијата на докторите на науки, денес се промовираше и Каталогот на изданија. Промоцијата ја изврши проф. д-р Лилјана Колева-Гудева – раководител на издавачка дејност.

Каталогот на изданија го промовираме седма година по ред. Овој каталог ги содржи сите публикации што сме ги произвеле во текот на 2015 година. Во него се содржани 170 изданија од кои 120 се учебници и учебни помагала кои се депонирани и во електронската библиотека на Универзитетот. Овие учебници се, пред сѐ, наменети за студентите, затоа што тие се во центарот на вниманието на Универзитетот. Мене ми е драго што ова поминува во традиција. За девет години ова е седми каталог на изданијаистакна проф. д-р Лилјана Колева-Гудева

Одбележувањето на патрониот празник продолжува утре. Централното одбележување е во петок, 25 март, кога ќе се одржи свечената седница на Сенатот на Универзитетот „Гоце Делчев“ со свечена програма и доделување на плакети и благодарници за соработници на УГД. На свечената седница обраќање ќе имаат заменик-министерот за образование и наука г. Спиро Ристовски и ректорот на

Универзитетот проф. д-р Блажо Боев. Ќе им бидат доделени и стипендиите на најдобрите студенти на УГД, а ќе продолжи и традицијата востановена минатата година, со промоција на почесни доктори на науки, Profesor Honoris Causa, а годинава таа чест му припадна на проф. д-р Јерг М. Елзенбах. На свечената седница свое заслужено место имаат и најдобрите студенти кои дипломираа во изминатата година. Одбележувањето на патрониот празник на УГД завршува во недела, 27 март, со одржување на велосипедската трка „Со велосипед на факултет“, каде што се поканети сите заинтересирани да учествуваат и да дадат поттик за рамноправно учество на велосипедите во сообраќајот.

Последен пат изменето на Четврток, 24 Март 2016 16:18
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…