Приказ на предметите според таг: УГД Живот
Филолошки факултет организира работилница на тема „Актуелната состојба со судскиот превод во МК“
Филолошкиот факултет организира работилница на тема „Актуелната состојба со судскиот превод во Македонија“. Работилницата е на 11 април 2016 година (понеделник), со почеток во 11 часот, во Амфитеатарот на Кампус 4. Покрај УГД организатор на настанот е и Здружението на преведувачи на Република Македонија.
Одржано предавање на тема „Како се креираше брендот Сињори на македонскиот и на европскиот пазар“
Денес се одржа предавање на тема „Како се креираше македонскиот бренд Сињори на македонскиот и на европскиот пазар“ пред студентите од втора година на Факултетот за туризам и бизнис логистика во Наставен центар - Скопје.
ФТБЛ започна со посета на средните училишта во Македонија
Факултетот за туризам и бизнис логистика на 5 април (вторник) се претстави со презентација пред учениците од четврта година во Средното туристичко-угостителско училиште „Лазар Танев“ во Скопје.
Декан на ФТБЛ: Праксата е еден од најважните сегменти за нашиот факултет
Деканот на Факултетот за туризам и бизнис логистика проф. д-р Никола Димитров беше дел од серијалот гостувања на деканите и продеканите на Универзитетската телевизија и Универзитетското радио „УГД ФМ“. Во разговорот со деканот дознавме многу за овој факултет и за можностите што ги нуди ФТБЛ.
Средба на македонските и странските студенти учесници во Еразмус плус
Студентите од УГД кои преку програмата Еразмус престојуваат на други универзитети надвор од државата, заедно со студенти од Европа кои преку истата програма престојуваат на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, имаа заедничка средба на која разменија искуства за својот престој во средините во кои реализираа еден семестар од наставата. Оваа средба беше во организација на Центарот за меѓууниверзитетска соработка. Раководителот на Центарот м-р Сања Стефанова најави и следни активности во рамките на програмата Еразмус плус: