Приказ на предметите според таг: УГД Живот

Одбележувањето на девет години Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип ќе биде збогатено и со петтото по ред одржување на Универзитетските спортски лиги. Повеќе од 250 студенти од сите факултети се пријавени за настап во баскет, пинг-понг и одбојка. Оваа година во сите спортови ќе има натпревари и во машка и во женска конкуренција, а во баскет има 26 екипи, во одбојка 20, додека над 50 студенти ќе учествуваат во пинг-понг натпреварите.

Објавено во УГД Живот

Во просториите на Наставниот центар во Скопје, во соработка со Црвениот крст на Република Македонија, минатата среда во периодот од 9 до 14 часот се одржа Крводарителска акција.

Објавено во УГД Живот

Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип го прославува патрониот празник. По деветти пат со повеќе свечени активности ќе се одбележи 27 март, денот кој го означува почетокот на една нова успешна приказна во високото образование во Република Македонија, реализирањето на идејата за Универзитет во Источна Македонија, во Штип.

Објавено во УГД Живот

Амбасадорот на Велика Британија во Република Македонија Чарлс Герет денес беше во посета на Универзитетот „Гоце Делчев“, се сретна со ректорот на Универзитетот, гостуваше на Универзитетската телевизија и одржа предавање пред студентите на Правниот факултет.

Објавено во УГД Живот

Серијалот гостувања на деканите и продеканите на факултетите при УГД го продолжуваме со гостување на деканот на Факултетот за медицински науки, проф. д-р Рубин Гулабоски. Во интервјуто професорот Гулабоски го истакна значењето од нови и иновативни пристапи во предавањата и за тоа дека студентите на овој факултет имаат голема можност за практична настава.

Објавено во УГД Живот
Страница 126 од 144
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…