Студентите на УГД се натпреваруваат на Универзитетски спортски игри

Одбележувањето на девет години Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип ќе биде збогатено и со петтото по ред одржување на Универзитетските спортски лиги. Повеќе од 250 студенти од сите факултети се пријавени за настап во баскет, пинг-понг и одбојка. Оваа година во сите спортови ќе има натпревари и во машка и во женска конкуренција, а во баскет има 26 екипи, во одбојка 20, додека над 50 студенти ќе учествуваат во пинг-понг натпреварите.

Натпреварите се одржуваат во Спортската сала „Јордан Мијалков“ во деновите 22 март  - баскет, 23 март – пинг-понг и 24 март - одбојка. Наградите на најуспешните ќе им бидат доделени на 27 март (недела) за време на одржувањето на Велосипедската трка „Со велосипед на факултет“. Екипите победници во сите категории минатата година учествуваа на бројни меѓународни натпреварувања – на Универзитетските игри во Истанбул „Sport fest“ во мај минатата година, одбојкарите и одбојкарките учествуваа на турнирот во одбојка на плажа во Лозенец (Бугарија) во септември 2015 г., а победниците од лигата во баскет и мал фудбал учествуваа на пријателски натпревари во Софија (Бугарија). Оваа традиција на учество на победниците од универзитетските лиги на меѓународни универзитетски натпревари ќе продолжи и оваа година. Засега е најавено учеството на Универзитетските игри во Антверпен (Белгија) во април и на Универзитетската олимпијада во Загреб (Хрватска) во јули. Отворени се и поканите за универзитетски натпревари во Истанбул, Варна и во Белград.

Организатор на Универзитетските спортски лиги и на гостувањата кои произлегуваат од нив е Универзитетскиот спортски центар на УГД.

Последен пат изменето на Среда, 23 Март 2016 12:55
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…