(Видео) Амбасадорот на Британија го посети УГД

Амбасадорот на Велика Британија во Република Македонија Чарлс Герет денес беше во посета на Универзитетот „Гоце Делчев“, се сретна со ректорот на Универзитетот, гостуваше на Универзитетската телевизија и одржа предавање пред студентите на Правниот факултет.

Многу ми е мило што сум гостин во Штип. Имав одлична средба со ректорот на УГД од кој дознав многу за работата на Универзитетот. Универзитетските заедници се многу битни за развојот на едно општество. Универзитетот овде има силни врски со македонската економија. Тоа се сектори каде што британските компании се активни. Можеме да ги искористиме тие врски за двете земји. На студентите ќе им пренесам некои работи за дипломатијата во 21 век. Исто така, сакам да ги слушнам и мислењата на студентите и младите луѓе - истакна амбасадорот на Британија во Р. Македонија, Чарлс Герет.

 

 

Ректорот на УГД проф. д-р Блажо Боев истакна дека оваа посета е многу корисна за продлабочување на соработката меѓу УГД и Британската амбасада и британското образование.

Ова е една стандардна комуникација која постои во рамките на универзитетите и амбасадите. Разговаравме во поглед на соработката со Универзитетот и во поглед на образованието. Разговаравме за приближување на нашето образование кон образовните процеси и политики на ЕУ и на Британија. Разменивме позитивни искуства во насока на ова и во насока на Универзитетот и на истражувањето на УГД. Мислам дека оваа традиција ќе продолжи и понатаму - истакна ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев.

Амбасадорот Чарлс Герет одржа предавање пред студентите на УГД. Предавањето во целост ќе може да се проследи на Јутуб каналот на Универзитетот „Гоце Делчев“.

Последен пат изменето на Вторник, 22 Март 2016 16:39
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…