Приказ на предметите според таг: УГД Живот
Нов сервис за плаќање со готовина во рамките на електронскиот индекс
Во насока на зголемување на ефективноста, ефикасноста и софистицирање на студентските сервиси во рамките на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, како и спроведување на стратегијата на Универзитетот за воведување на иновации и креативност во процесот на студирање, се известуваат сите студенти на прв циклус студии дека од 17 февруари 2016 година е пуштен во функција нов сервис за реализирање на финансиски плаќања преку терминали за сите видови на надоместоци што студентите ги реализираат кон Универзитетот.
Зацврстување на соработката на УГД со Руската Федерација
Интензивна соработка на Универзитетот „Гоце Делчев“ со сродни установи и институции од Русија, како и стипендии за нашите студенти – тоа е најавата од средбата што се одржа помеѓу ректорот на УГД проф. д-р Блажо Боев и н.е. Олег Шчербак, амбасадор на Руска Федерација во Р.Македонија. Амбасадорот Шчербак изјави дека Русија и Македонија се две држави кои имаат многу тесни и цврсти врски на повеќевековно пријателство и соработка.
Студентите на настава и обука по скијање во Бугарија
Група студенти од УГД во изминатиот период присуствуваа на настава и обука по скијање во скијачкиот центар Малиовица, на планината Рила во Бугарија. Обуката на студентите се изведува во групи зависно од степенот на познавање на скијачката техника, а групите ги раководат искусни ски-инструктори.
ФМН успешно реализира проект со ДААД од Германија
Во рамките на проектот SOE DAAD from Molecules to Functionalized Materials, во кој партнерски универзитет е и Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип, оваа година им беа доделени т.н. sur-place стипендии на тројца студенти од Факултетот за медицински науки и тоа: Дарко Бислимовски и Дејан Соколоски од насоката Општа медицина и Милкица Јанева од насоката Фармација.
Современи услови за современо образование: какви се просторните услови на УГД
Современото студирање во денешни услови подразбира обезбедување на целосна поддршка за квалитетно стручно и научно образување на сите студенти.