ФТБЛ доби благодарница за крводарителство, хуманост и солидарност

Во просториите на Наставниот центар во Скопје, во соработка со Црвениот крст на Република Македонија, минатата среда во периодот од 9 до 14 часот се одржа Крводарителска акција.

Во Крводарителската акција се вклучија 30 студенти од Факултетот за туризам и бизнис логистика кои ја изразија својата хуманост и солидарност преку дарувањето крв, која е секојдневно потребна за да се продолжат многу животи.

Хуманата димензија на студентите од ФТБЛ беше покажана по шести пат во последните три години, а ќе продолжи и во текот на октомври годинава, кога е планирано да се спроведе уште една крводарителска акција.

На 17 март, на свечено празнување во Општина Гази Баба по повод 71 година Црвен крст и денот на крводарителството на Македонија, ФТБЛ доби благодарница од Црвен крст на Република Македонија за организација и постигнати резултати во крводарителството, за покажана хуманост и солидарност.

ФТБЛ беше прогласена за најдобра високообразовна институција која се вклучила во крводарителство на територијата на Општина Гази Баба за 2015 година. Благодарницата на свечената церемонија ја прими раководителот на Наставниот центар - Скопје, доц. д-р Дејан Методијески.

Последен пат изменето на Среда, 23 Март 2016 12:33
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…