Приказ на предметите според таг: УГД Живот

Универзитетот „Гоце Делчев“ во рамките на одбележувањето на својот патронат ќе организира велосипедска трка. Трката ќе се одвива во Штип и во околината на Штип, а целта ќе биде да се поттикнат студентите и останатите млади луѓе да употребуваат велосипед како свое превозно средство.

Објавено во УГД Живот

Студентите од Кина кои неколку месеци престојуваат на студиски престој на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ денеска добија честитка за кинеската Нова година во форма на една мултимедијална презентација што ја организираа Филолошкиот факултет и НУ Универзитетска библиотека „Гоце Делчев“ - Штип. Кинеските студенти говореа на македонски јазик, но и на својот кинески јазик ја честитаа Новата година. Со нив, за учење на македонскиот јазик, работи предавач м-р Марија Гркова.

Објавено во УГД Живот

Библиотеката на Филолошкиот факултет повторно се збогатува со нови изданија. Овој пат станува збор за донација на современи македонски изданија од страна на Народната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје.

Објавено во УГД Живот

Ректорот на УГД проф. д-р Блажо Боев и заменикот-министерот за образование Спиро Ристовски го означија почетокот на работа на студиото на Универзитетската телевизија „УГД ТВ“. Ректорот Боев истакна дека оваа универзитетска телевизија ќе работи во интерес на сите студенти, во поглед на нивна подобра информираност, од друга страна и подобра презентација на тоа што работат професорите во истражувањето, едукацијата и наукaта:

Објавено во УГД Живот

Во предновогодишно интервју за Универзитетското радио и УГД ТВ, ректорот проф. д-р Блажо Боев истакна дека останува на тоа дека студентите и науката се единствениот вистински пат по кој треба да чекори Универзитетот.

Објавено во УГД Живот
Страница 132 од 144
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…